Please wait, loading...
logo
bg

Политика за приватност

Ние во MM Disoski ("MobiPromo", "ние", "нас", "нашите") знаеме дека нашите корисници ("Корисници", "вие", "вашиот") се грижат за тоа како се користат нивните лични податоци, и ја сфаќаме Вашата приватност сериозно. MobiPromo ја почитува приватноста на посетителите на веб-сајтот www.mobi-promo.com. Оваа Политика за приватност е подготвена за управување со прибирањето на податоци и чувањето на информациите собрани од корисниците на веб-сајтот. Политиката за приватност се однесува на нашиот веб-сајт и Услугите на нашиот веб сајт како што е дефинирано во Условите за користење на MobiPromo. Со посета или користење на веб-сјатот или на нашите Услуги на кој било начин, потврдувате дека ги прифаќате практиките и политиките наведени во оваа Политика за приватност и се согласувате дека MobiPromo ќе ги прибира и користи информациите со Ваши лични податоци.

Оваа Политика за приватност може повремено да се менува и ажурира. Вашата континуирана употреба на веб-сајтот MobiPromo и неговоте услуги претставува Ваше прифаќање на Политиката за приватност. Затоа е важно редовно да ја проверувате оваа Политика за приватност за да бидете сигурни дека сте информирани за какви било промени.

Информации за лична идентификација

MobiPromo може да прибира лични информации за идентификација од Корисниците, кога ќе го посетат Веб-сајтот, односно при Ваша регистрација на нашиот веб-сајт. На корисниците може да им биде побарано да наведат: име и презиме, компанија, поштенска адреса, е-пошта и телефонски број. Ние ги прибираме личните информации од Корисниците само доклку доброволно ги достават до нас.

Не-лични информации за идентификација

Ние може да прибираме не-лични информации за идентификација на корисниците секогаш кога тие ќе комуницираат со нашиот веб-сајт. Информациите за не-лична идентификација може да вклучуваат: име на прелистувачот, вид на компјутерски и технички информации за средството преку кое Корисниците се поврзуваат со нашиот веб-сајт, како и оперативниот систем, интернет сервис провајдерите и други слични информации.

Прибирање и обработка на лични податоци

Сите лични податоци добиени преку веб-сајтот, се доброволно дадени од нивните сопственици, со експлицитно потврдена согласност. Личните податоци се обработуваат согласно Законот за заштита на лични податоци и исклучиво за намената за која се собрани.

При користењето на веб-сајтот се копираат мали текстуални фајлови "Cookies" кои служат за следење на движењето на интернет пребарувачот. "Cookies" фајловите не се поврзуваат со доставените лични податоци на посетителот и исчезнуваат веднаш по исклучувањето на интернет пребарувачот. Нивната улога е во тоа што со нивна помош се следи движењето на посетителите на веб-сајтот, и се собираат податоци со кои се одредуваат начините за оптимизирање и унапредување на функционалноста на страницата.

Користење и давање на лични податоци на корисници

Доколку има потреба личните податоци да се искористат и за други цели, како на пример, изготвување статистички извештаи или директен маркетинг, тоа се прави само со претходно добиена согласност од сопствениците. Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со повторно користење на веб-сајтот да ја повлече претходно изречената согласност за обработка на неговите лични податоци за маркетиншки цели. Личните податоците нема да бидат пренесувани во било каква форма на други физички лица, компании, органи и организации. Записите кои содржат лични податоци се уништуваат/бришат по истекот на дефинираниот рок за ниво чување, согласно целта за која биле прибрани.