Please wait, loading...
logo
bg

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ОВИЕ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ ("ДОГОВОР") ВНИМАТЕЛНО, ПРЕД УПОТРЕБА НА УСЛУГИТЕ НА ММ ДИСОСКИ ("MOBIPROMO", "НИЕ", "НАШИТЕ"). СО ПОСЕТА НА ВЕБ-САЈТОТ ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА БИЛО KOJ НАЧИН, ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО УСЛОВИТЕ ОД ОВОЈ ДОГОВОР. Доколку не се согласите со условите на овој договор, немате право да го користите веб-сајтот или Услугите. КОРИСТЕЊЕТО НА УСЛУГИТЕ НА MOBIPROMO е експлицитно врз основа на Ваше барање.

ОПИС НА УСЛУГИТЕ (ОГЛАСУВАЧИ)

Услугите обезбедени од MobiPromo се состојат од креирање на огласи (реклами), рекламни кампањи, поставување на линкови, избор на Издавачи според категории, следење на рекламни кампањи и анализи на кампањи преку контролната табла за известување (на нашата платформа) на Вашата компанија - бренд ("Услуги"). Услугите Ви овозможуваат, како клиент, да споделите врска (линк) со Вашите потрошувачи преку партнерските веб-сајтови (Издавачи). Услугите обезбедени од MobiPromo, Вам како клиент, ќе Ви обезбедат да изберете начин на прикажување, поставување на креатива и избор на временсака рамка на рекламната кампања, според Вашиот маркетинг план и буџет кој сами сте го избрале.

ПРИСТАП ДО УСЛУГИТЕ (ИЗДАВАЧИ)

Услугите, заедно со веб-сајтот www.mobi-promo.com и името на доменот и сите други поврзани страници, карактеристики, содржини или апликативни услуги понудени од MobiPromo, се во сопственост на MobiPromo. MobiPromo со ова Ви обезбедува неексклузивна лиценца, да копирате и инсталирате одреден MobiPromo код на веб-сајтот што го поседувате или стопанисувате, со единствена цел да ги користите услугите на MobiPromo и неговата партнерска програма. MobiPromo може да ги смени, суспендира или прекине Услугите во секое време, вклучувајќи ја и достапноста на која било функција, база на податоци или пристап до содржини. MobilePromo може исто така да наметне ограничувања за одредени функции и услуги или да го ограничи пристапот до дел од Услугите или сите Услуги без предходно известување. Вие, како Партнер (ИЗДАВАЧ) потврдувате дека: (i) имате законска возраст да формирате обврзувачки договор; (ii) сите информации за регистрација што ги доставувате се точни и вистинити; и (iii) ќе преземете целосна одговорност за пристап и користење на Услугите.

СОДРЖИНА НА MOBIPROMO

Веб-сајтот, Услугите и нивната содржина може да се користат само во согласност со условите на овој Договор. Сите материјали прикажани на веб-сајтот или во Услугите, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на текст, графика, статии, фотографии, слики, илустрации (исто така познато како "Мобилна рекламна содржина") се заштитени со авторски права. Како ОГЛАСУВАЧ Вие потврдувате дека имате право да ги користите, копирате, репродуцирате, менувате, преведувате, објавувате, емитувате, пренесувате, дистрибуирате, прикажувате или на друг начин да ги искористе за било која намена лиценците, заштитените трговски марки или други сопственички права на Клиентот. Воедно се обврзувате дека нема да објавите содржини: (i) без претходна писмена согласност од соодветните сопственици на правата и (ii) на кој било начин нема да ги повредите правата на трето лице.

ОГРАНИЧУВАЊА (ОГЛАСУВАЧИ)

Вие сте одговорни за целата Ваша активност во врска со Услугите. Секоја погрешна, навредлива или на друг начин нелегална активност може да биде основа за престанок на Вашето право на пристап и користење на Услугите на MobiPromo. Вие не смеете да објавувате или пренесувате, било каква комуникација или покана дизајнирана или наменета за да добиете лозинка, сметка или приватни информации од кој било друг корисник на Услугите. Користењето на Услугите за прекршување на безбедноста на која било компјутерска мрежа, лозинки или шифри за шифрирање на безбедност, пренос или складирање на нелегален материјал (вклучувајќи материјал што може да се смета за закана или непристоен), или вклучување во било каква нелегална активност е изрично забрането.

Се согласувате дека целата содржина на MobiPromo и Вашата содржина (заедно, "Содржина") што ја дистрибуирате преку користење на Услугите, е на Ваш сопствен ризик и Вие ќе бидете единствено одговорни за било каква штета или загуба на која било страна што произлегува од неа. Под никакви околности, MobiPromo нема да биде одговорен на кој било начин за било каква содржина, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на било какви грешки или пропусти во било која Содржина, вклучувајќи и извештаи генерирани од Услугите, или каква било загуба или штета од секаков вид направени во врска со користењето или објавувањето на било која содржина објавена на MobiPromo. Вие, а не MobiPromo, сте исклучиво одговорни за целата содржина, вклучувајќи ги и пораките што ги испраќате, објавувате, испраќате преку е-пошта, пренесувате или на друг начин ги дистрибуирате користејќи ги Услугите на MobiPromo.

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

За информации во врска со третманот на MobiPromo на личните податоци, Ве молиме проверете ја Политиката за приватност на MobiPromo на www.mobi-promo.com/privacy. Вашето прифаќање на овој Договор, воедно, претставува прифаќање и согласност со Политиката за приватност на MobiPromo.

РЕГИСТРАЦИЈА И БЕЗБЕДНОСТ

Услов за користење на Услугите е Ваша регистрација на MobiPromo и поставување лозинка и корисничко име ("User ID"). Вие се обврзувате дека на MobiPromo ќе му обезбедите точни, целосни и ажурирани податоци при регистрацијата, во спротивно, тоа ќе претставува прекршување на овој Договор, што може да резултира со итно затварање на Вашата сметка во MobiPromo. Вие не смеете (i) да изберете или да користите како User ID име на друго лице со намера да го имитирате тоа лице; или (ii) како корисничко име да користите име подложно на какви било права на друго лице, освен вас, без соодветно овластување. И во двата случаи MobiPromo го задржува правото да ја одбие регистрацијата.

НЕЗАВИСНОСТ

Се согласувате дека ќе го заштите MobiPromo, неговите основачи, менаџери, подружници, филијали, службеници и вработени без ограничување од сите штети, обврски, трошоци и адвокатски хонорари, од какво било побарување од страна на било која трета страна заради активности кои произлегле од Вашиот пристап и користењето на Услугите на MobiPromo.

НАДОМЕСТОЦИ И ПЛАЌАЊА

MobiPromo го задржува правото да бара исплата на надоместоци за своите Услуги, а Вие се согласувате да ги плаќате своите обрски, како што е опишано на веб-сајтот во зависност од Услугите кои сте ги избрале. MobiPromo го задржува правото да го смени својот ценовник и да воведе нови Услуги и нови трошоци во секое време. по известувањето до Вас, кое може да биде испратено по е-пошта или објавено на веб-сајтот Вашето користење на Услугите на MobiPromo претставува Ваше прифаќање на новите цени и Услуги.

ВЕБ-СТРАНИ ТРЕТИ ЛИЦА

Услугите на MobiPromo содржат врски до веб-страници или услуги на трети страни ("веб-страници на трети страни") кои не се во сопственост или под контрола од MobiPromo. Пристапот до веб-страниците на трети лицае на Ваш сопствен ризик.

ПРЕСТАНОК

Овој Договор ќе остане во сила и се додека ги користите Услугите. Може да го прекинете користењето на Услугите на MobiPromo во секое време. MobiPromo може да го прекине или да го суспендира Вашиот пристап до Услугите или Вашето членство во било кое време, од било која причина и без предупредување, што може да резултира со одземање и уништување на сите информации поврзани со Вашето членство. MobiPromo може да го прекине или да го суспендира Вашиот пристап до Услугите веднаш, без претходна најава, во случај на прекршување на условите на овој Договор.

КОНТАКТ.

Ако имате какви било прашања или барања во врска со Услугите на MobiPromo, може да не контактирате на support@mobi-promo.com.