Далеку од очи далеку од срце… важи и за твојот бизнис. Но, затоа е тука МОБИ ПРОМО!

Кои бизниси умираат брзо?
Како бизнисот да излезе од вечната борба за опстанок и да почне да расте?
Бизниси кои најбрзо умираат се оние кои немаат креирано доволна висока свесност кај целната група потрошувачи и немаат доволна побарувачка за своите производи! Растот е резултат на зголемена свесност и лесна препознатливост на брендот, што пак, е директно поврзано со раст на продажбата.

Зошто е потребна ефикасна, континуирана и таргетирана промоција? Бидејќи ПРОДАВА! Во времето на дигиталниот маркетинг, потрошувачите се изложени на околу 3.000-10.000 промотивни пораки на ден, поради што ги игнорираат и забораваат голем дел од нив, а ги паметат само пораките кои им делуваат попознато или поважно. Брендовите, поради ова, се соочуваат со голем проблем кој директно влијае на продажбата – неможност да се најдат на врвот во умот на потрошувачот и да бидат потенцијален прв избор при купување. Сепак, добрата вест е дека ова е процес на кој значително можеме да влијаеме, преку таргетирано и континуирано повторување на пораката за брендот на интернет, со иновативната промотивна алатка Моби Промо.
Затоа, секој бизнис е соочен со неколку клучни прашања:
Дали сака свесноста за неговиот бренд да расте и да биде меѓу првите во умот на потрошувачите при одлука за купување? Дали сака потрошувачите да купуваат почесто и повеќе кај него, отколку кај неговите конкуренти? Дали е насочен кон креирање на вредност за потрошувачите преку правилна комуникација со нив? Дали знае како размислуваат на истиве теми неговите конкуренти и дали преземаат нешто околу тоа?
Доколку, одговорите на овие прашања се НЕ, тогаш бизнисот нема потреба од натамошната содржина на овој текст, НО доколку барем еден од одговорите е ДА, тогаш во продолжение е претставено решението за наведените проблеми. Моби Промо е уникатка промотивна алатка/платформа со која за брзо време, преку он-лајн/интернет промоција, се зголемува свесноста за брендот и можноста за стекнување на нови потрошувачи и продажби.
Најновите трендови во комуникација со потрошувачите покажуваат дека најголем дел од нив (околу 80%), од сите генерации – носители на побарувачката (генерација Х (36-54 год.), генерација Милениумци/Y (25-35 год.) и генерација Z (под 25 год.)) бараат информации он-лајн (на интернет портали и социјални медиуми), преку нивните смарт телефони. Но, поради големата конкуренција и отежнатата видливост на социјалните медиуми, време е бизнисот да се истакне и биде лесно видлив преку нов моќен канал – Моби промо и интернет медиумите. Потрошувачите исто така, бараат брендовите да комуницираат со нив како во вообичаени услови, така и во време на криза.
Моби Промо овозможува ефикасна автоматизирана комуникација преку креирање на реклама за целната публика, која може да биде пласирана едновремено на преку 40 најпосетувани и релевантни интернет портали во земјата (на македонски и албански јазик), во повеќе различни категории – информативни, бизнис, спортски и забавни портали, со над 15 милиони прегледи на месец од мобилен уред.
За разлика од ТВ и радио реклама или билборд, плакат, флаер, брошура… за кои со сигурност можеме да кажеме дека „половина од парите за реклама се потрошени/фрлени, само не се знае која половина“ (John Wanamaker), Моби Промо овој проблем успешно го решава:
Се добива детална аналитика за мерење на резултатите од кампањата (број на прегледи, број на уникатни корисници, број на кликови, фрекфенција, ефикасност) во реално време и текот на инвестирање на средствата.
Истовремено, според ефективноста, може да се вршат промени на тековна кампања во реално време.
Моби Промо функционира на основа на едноставен и пристапен софтвер, во 3 едноставни чекори:
Креирате доживотно бесплатен профил за бизнисот на нашата платформа, за само 2-3 минути;
Ја креирате рекламата во форма на банер со содржина која сакате да биде прикажана на избраните интернет портали и видена од целната група на нивните смарт телефони (промотивни акции, нов производ/услуга, нов начин на плаќање, нова он-лајн продавница…) и ја активирате за време и буџет по ваша желба и потреба;
Следите аналитика и сведочите раст на видливоста и свесноста за брендот и интересот за производите/услугите на бизнисот!
За нашите клиенти веднаш обезбедуваме и ресурси за креирање на кампањи:
Краток водич за користење на платформата;
Краток водич за дизајнирање содржина на ефективен банер;
10 бесплатни преддизајнирани урнеци на банери;
Поддршка – 24/7 за секој клиент преку систем за Chat Support.
Бесплатна експертиза и помош при изработката на првата маркетинг кампања.